Дома Фудбал Oткриено колку ќе паузира Фати

Oткриено колку ќе паузира Фати

Сезонава Барселона покрај финансиските проблеми има големи проблеми и со повредите.

Каталонскиот тим никако не успева да го собере во целост составот, посебно големи се проблемите во офанзивната линија. Во овој момент во „аут“ се Агуеро, Дембеле и Фати. Ансу Фати последен се повреди во натпреварот против Селта во саботата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Младиот фудбалер повторно се повреди, иако претходно паузираше цели пет месеци. Барселона потврди дека Фати е повреден и има проблем со мускулот, но не откри колку ќе паузира. Сепак, Радио Каталуња“ открива дека Фати ќе паузира од четири до шест недели.

Ако овие информации се точни Чави Фати ќе го има на располагање дури на почетокот на декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново високо при…