Дома Македонски спорт Oд денес и официјално: Големите македонски ривали имаат ист спонзор!

Oд денес и официјално: Големите македонски ривали имаат ист спонзор!

МЗТ Скопје Аеродром е горд што може да објави дека нов партнер и спонзор на клубот во иднина ќе биде компанијата МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата.

Соработката беше официјализирана со денешното потпишување на договорот помеѓу нашиот извршен директор, Филип Ѓоревски и генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ, со што е обезбедена потребната поддршка за остварување на клупските амбиции како на домашна сцена така и во АБА2-лигата. На свеченоста на кое беше промовирано новото спонзорство присуствуваа и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, како и генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Потпишување спонзорски договор со компанија како МТЕЛ, која е дел од Телеком Србија групацијата, е уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат во делот на развојот на клубот и дека МЗТ Скопје веќе е препознатлив бренд не само во Македонија туку и пошироко во регионот. Верувам дека ќе ја оправдаме довербата и дека ова е само почеток на една подолгорочна соработка помеѓу субјекти кои се лидери во својата бранша. Помошта и тоа како ќе ни биде добредојдена, со оглед што и оваа сезона нашите амбиции се највисоки, односно атак на врвот во секое од натпреварувањата во кои ќе настапуваме“, изјави директорот на МЗТ, Ѓоревски.

Свое излагање имаше и градоначалникот Муцунски, кој потенцира дека со овој договор се отвора ново поглавје во клупската историја.

„Партнерството со МТЕЛ е потврда за квалитетот и досегашните постигнувања на МЗТ Скопје Аеродром, но и поддршка која ќе донесе уште многу победи и спортски успеси на плаво–белите. МЗТ Скопје не е обичен клуб, тоа е емоција, гордост, начин и стил на живеење за мене и за најголемиот дел од луѓето што живеат во Аеродром. Токму поради ова, инвестирањето и поддршката на МЗТ Скопје не е само поддршка во овој клуб, тоа е поддршка за спортот на локално и национално ниво, за градење нови спортски спомени и сеќавања, за вредностите кои Аеродром и МЗТ Скопје ги споделуваат. Сакам да се заблагодарам на Телеком Србија и на фирмата-ќерка МТЕЛ за одлуката да го поддржат МЗТ Скопје и со тоа да дадат значаен придонес во промоцијата на македонскиот спорт“, изјави меѓу другото првиот човек на општина Аеродром.

Генералниот директор на Телеком Србија, пак, на настанот изрази особено задоволство што добрите практики на поддршка на вредности, кои оваа компанија ги споделува со нејзините корисници, како што е спортот, кои компанијата и нејзината фирма ќерка, МТЕЛ ги практикуваат во сите земји каде што се деловно активни, ги пренесуваат и во своето работење во Македонија.

„Покрај деловните активности кои во изминатиов период ги спроведувавме во вашата држава, преку нови инвестиции, нови вработувања и воведување на иновативни услуги, новиот договор за спонзорство на уште еден спортски клуб во државата е најсилен доказ за стратешката посветеност на Телеком Србија на овој пазар. Нашите корисници, но и сите фактори во државата може да бидат уверени дека во нашата групација имаат сигурен партнер за остварување на своите планови“, истакна генералниот директор на Телеком Србија.

Со поддршката за МЗТ Скопје, МТЕЛ ја продолжува традицијата на континуирана поддршка на спортот негувана од сите членки на Телеком групацијата.

„Горди сме што како компанија имаме можност, но и големо задоволство да бидеме дел од успешната приказна на МЗТ Скопје. Среќни сме што ја продолжуваме традицијата на нашата компанија во рамки на своите можности да ги поддржиме спортските клубови, а преку тоа да придонесеме кон поздрава и поактивна младина, што во денешницата е од особена важност“, нагласи генералниот директор на МТЕЛ“, Лопичиќ.

Договорот за спонзорство е потпишан на една година, со што МТЕЛ станува ексклузивен телекомуникациски партнер на нашиот клуб во текот на натпреварувачката сезона 2023/2024.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…