Дома Останати Ракомет Ново име во Вардар: „Црвено-црните“ избраа замена за Аларов

Ново име во Вардар: „Црвено-црните“ избраа замена за Аларов

По неколку години отсуство, Вардар го врати својот „пивот“ – Кристијан Анастасовски ќе го облече дресот на „црвено-црните“ во новата сезона.

Анастасовски, кој е дете на Вардар, ќе го замени Михаил Аларов, кој на крајот од оваа сезона ќе го напушти клубот. Тој моментално настапува за Тиквеш од Кавадарци, каде ги покажа своите способности и напредок, што беше забележано од стручниот штаб на Вардар.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Чест и задоволство е да бидам дел од клуб каков што е Вардар. Таму ги почнав моите ракометни почетоци и среќен сум што сега повторно се враќам. Вардар е европски клуб со големи успеси зад себе. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу победи и успеси“, изјави Анастасовски, кој со нетрпение го очекува повторното враќање на големата сцена.

Тој има богато искуство, играјќи за екипи како Работнички, Охрид, францускиот Анжер и косовскиот Кастриоти. Покрај клубскиот успех, Анастасовски има и настапи за младинската репрезентација на Македонија на Европското првенство 2014 година, и неколкупати беше дел од поширокиот список на сениорската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Финалето е голем успех за целиот македонски ракомет!

Млад, амбициозен и одлучен – РК Алкалоид со срце и посветеност го прескокна норвешкиот Рун…