PSG ќе добие вистински ривал во францускиот фудбал, а тоа ќе биде досега малиот и симпатичен градски ривал Paris FC.
Антоан Арно, син на еден од најбогатите луѓе во светот Бернард Арно, го купи Paris FC.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој некогаш симпатичен клуб од пониска лига сега е на второто место на табелата во втората лига на Франција и целта е веќе оваа сезона да се влезе во елитата, особено по зимскиот преоден рок во кој ќе се потроши многу пари за засилувања.
Како што пишуваат француските медиуми, Парис нема да се обиде веќе во првите неколку сезони да ја наруши доминацијата на ПСЖ, делумно и бидејќи клубот има одлични односи со челниците на ПСЖ.
Но, долгорочната цел е да се создаде тим што ќе „го избрише ПСЖ од картата на францускиот фудбал“ и што ќе стане еден од водечките во Европа. Дали тоа навистина ќе се случи, ќе видиме во наредните години.