Дома Останати Кошарка Нови детали за грабежот во куќата на Дончиќ

Нови детали за грабежот во куќата на Дончиќ

Лука Дончиќ е последната голема спортска ѕвезда чиј дом беше ограбен, потврдува полицијата во Далас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на менаџерот на Дончиќ, кражбата во домот на ѕвездата на Далас се случила во петок вечерта.

– Никој не беше дома во тој момент и за среќа, Лука и неговото семејство се безбедни, изјавила Лара Бет Сегер, деловната менаџерка на Дончиќ.

– Лука поднесе пријава до полицијата, а истрагата е во тек.

Според полицискиот извештај кој го објави Далас Морнинг Њуз, украдени се околу 30,000 долари во накит. Полицискиот извештај исто така наведува дека некој го скршил прозорецот во главната бања од куќата на Дончиќ, а грабежот се случил помеѓу 17:00 и 21:00 часот. Приватното обезбедување ја следело резиденцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…