Дома Фудбал Италијанска легенда ќе ги тренира Ристовски и Адеми!?

Италијанска легенда ќе ги тренира Ристовски и Адеми!?

Славниот италијански фудбалер, а сега тренер, Фабио Канаваро е првиот кандидат да ја преземе клупата на Динамо Загреб.

На Ненад Бјелица сериозно му се тресе столчето веќе извесно време, имајќи предвид, за нивните стандарди, катастрофалните резултати во домашното првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Динамо има дури седум бодови помалку од Хајдук и Ријека по 18 одиграни натпревари, па не би било никакво изненадување ако Загрепчаните го дочекаат вториот дел од сезоната со нов тренер на клупата.

Тоа би можело да биде светски познато име. Станува збор за Фабио Канаваро, славниот Италијан кој имаше многу послаба кариера како тренер отколку кога ја носеше опремата на Јувентус, Реал Мадрид, репрезентацијата на Италија… Во Загреб го гледаат како идеален кандидат во случај Ненад Бјелица да си замине, што е извесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик може да добие одлично засилување за само 15 милиони евра!

Алехандро Грималдо би можел да ја заврши својата приказна во Леверкузен на крајот од оваа …