Дома Фудбал Новинар тврди: Англија ќе биде шокирана од одлуката на судот за Манчестер Сити!

Новинар тврди: Англија ќе биде шокирана од одлуката на судот за Манчестер Сити!

Реномираниот англиски новинар Иан Херберт излезе со шокантна прогноза за исходот на „судењето на векот“, каде што Manchester City е обвинет по 115 точки.

Во својот ексклузивен текст, Херберт кажа дека Maнчестер сити би можел да излезе како победник, и покрај сериозноста на 115-те обвиненија против клубот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сити долго време се соочува со закани за парични казни, забрани за трансфери, исфрлање од лигата, па дури и одземање на титули.

УЕФА веќе го прогласи за виновен, но по два дена клубот поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд кој го поништи решението.

Сега, може да следи сличен случај. Поминаа 180 дена од сослушувањето на Манчестер Сити, а Херберт го изнесе своето мислење за ситуацијата.

Текстот започнува со зборовите дека „внимателната анализа на доказите и околностите на самиот процес ме наведуваат да поверувам дека Сити ќе победи“.

“Процекот на времето ме наведува на заклучок дека Манчестер Сити ќе биде победник. Нема одземање бодови, нема испаѓање”, пишува Херберт во ексклузивниот текст на Daily Mail.

“Најмалку, прекинот на судењето укажува на неизвесност во врска со доказите што беа презентирани пред комисијата која заседаваше 12 недели меѓу септември и декември”, се додава.

За што точно е обвинет Manchester City:

=54 точки за неточни информации

=14 точки за неточни податоци за исплати на играчи и менаџери

=7 точки за кршење на правилата за профит и одржливост на Премиер лигата

=5 точки за непочитување на регулативите на УЕФА вклучително и финансиски фер-плеј (FFP)

=35 точки за несоработка со истрагите на Премиер лигата од 2018 година па натаму

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го започна својот мандат на чело на бра…