
Џејдон Санчо им ставил јасно до знаење на раководството на Манчестер Јунајтед што треба да се оствари за да замине од клубот ова лето.
Минатата сезона, Санчо беше на позајмица во Челси и постигна важен погодок во финалето на Конференциската лига во победата над Реал Бетис.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Во дресот на Челси, Санчо минатата сезона одигра вкупно 41 натпревар, но тоа не беше доволно за клубот да го откупи неговиот договор.
За преместувањето, Манчестер Јунајтед добил осум милиони евра како надомест, бидејќи Челси не сакал да го откупи договорот на англискиот фудбалер.
Тренерот на првиот тим, Рубен Аморим, не го сака Санчо и не го повикал на тренинзи, па моментално тренира индивидуално на Карингтон.
Маркус Рашфорд веќе се пресели во Барселона, а како што изгледа, Алехандро Гарначо ќе ја продолжи кариерата во Челси.
Уште Санчо остана од играчите кои Аморим не ги сака во клубот, но не изгледа дека ни тој сака да замине така лесно.
Санчо пристигна во Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во 2023 година за повеќе од 80 милиони евра и заработува над 300 илјади евра неделно.
Според новинарот Грејем Бејли, неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд и Јувентус се двата клуба кои би сакале да го видат во своите редови.
“Џејдон Санчо јасно им дал до знаење на челниците на Манчестер Јунајтед дека ќе си замине само под условите кои тој ги наметнува.
Ја одби намалувањето на платата за да потпише за Челси и Наполи, а слично може да биде и со Јувентус,” вели Бејли.
Тие се блиску до продажба на Нико Гонзалес, но ќе треба да издвојат значителна сума за неговата плата доколку сакаат да го донесат.
Се шпекулира дека Санчо е подготвен и да не игра до јануари, можеби и подолго, се додека не си замине под неговите услови.