Веста за смртта на Јанис Тима го потресе целиот кошаркарски свет утрово. Имаше многу шпекулации и информации за неговата трагедија, но се појавија нови детали кои можат да укажат на тоа што навистина се случило.
Имено, се сомнева дека Тима извршил самоубиство во еден хотел во Москва, а новиот детал ги засилува тие сомнежи.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
На Инстаграм профилот на неговата поранешна сопруга, Ана Седокова, поп ѕвезда, е најден коментар од Тима од вчера, каде ги наведува датумот на своето раѓање и, како што се покажа, датумот на смртта.
Имаше индикации дека летонскиот кошаркар извршил самоубиство поради разводот од Седокова, а ова може да биде и потврда на тие шпекулации. Освен тоа, се зборува дека покрај Тима бил најден телефон на кој стоел бројот на неговата поранешна сопруга со текст „Повикајте ја Ана“.