Дома Фудбал Нова вечер во Лигата на шампионите: Ќе гледаме спектакл во Мадрид!

Нова вечер во Лигата на шампионите: Ќе гледаме спектакл во Мадрид!

Вечерва на програмата е 3. коло од Лигата на шампионите, каде главната сцена ќе ја заземе големиот дерби натпревар помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, на стадионот Сантјаго Бернабеу.

Реал Мадрид е во поповолна позиција после првите две кола, со две извојувани победи, додека Јувентус има два нерешени дуела и се наоѓа пред тежок предизвик за пласман во нокаут фазата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Судирот меѓу Реал и Јувентус е и реприза од финалето на Лигата на шампионите во 2017 година, кога „кралскиот клуб“ триумфираше со 4:1. Потоа, овие ривали се сретнале уште шест пати, при што Реал победил четири пати, а „старата дама“ била подобра во две средби.

Ливерпул, англискиот шампион, ќе игра против Ајнтрахт во Франкфурт. Во пресрет на овој дуел, екипата на Арне Слот се соочи со непредвидени проблеми поради одложен лет од Англија.

Тоа значеше дека Ливерпул пристигна во Франкфурт нешто подоцна, а колку ова ќе им предизвика тешкотии, ќе дознаеме од 21 часот.

Челси ќе го пречека холандскиот Ајакс на Стамфорд Бриџ, додека Баерн Минхен ќе се соочи со белгискиот Клуб Бриж на домашен терен.

Претходно терминот во 18:45 часот е резервиран за натпреварите помеѓу Атлетик Билбао и Карабах, како и Галатасарај против Бодо/Глимт. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ потпиша богат договор со англиски гигант

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ потпиша договор во време на гласини и приказни за …