
Целиот интернет знае за вечната љубов што Спид ја има кон Кристијано Роналдо и дека е негов најголем фан. Ал Наср во вчерашниот натпревар од петтото коло на првенството на Саудиска Арабија го совлада Ал Фатех со високи 5:1.
Хет-трик постигна Жоао Феликс, а по него на листата на стрелци се запишаа Кристијано Роналдо и Кингсли Коман.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Единствениот гол за Ал Фатех го постигна Софиане Бендебка. Тоа што сепак стана највирално е што се случи по натпреварот.
Фудбалерите на Ал Наср предводени од Роналдо пристигнаа пред најжешките навивачи, а таму ги пречека „новиот водач на навивачите“.
Станува збор за популарниот стример, IShowSpeed, кој со своето присуство привлекува внимание ширум светот.
Општо е познато дека Спид е еден од најголемите фанови на Кристијано Роналдо, а и овојпат Португалецот го забележа Спид.
И тоа не е сè, легендарниот Португалец одбра која навивачка песна и ритам ќе ги поведе Спид.
Како изгледаше тоа можете да погледнете во продолжение.
.