
Стоперот на Реал Мадрид Дин Хаусен никако не може да влезе во ритам и да поврзе неколку натпревари без повреда.
Тој повторно заработи полесна повреда на мускулите поради што ќе го пропушти вечерашното гостување кај Осасуна, а исто така е под знак прашалник и за реваншот во плеј-офот на Лигата на шампионите против Бенфика.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Ова не е првпат Хаусен да зема кратка пауза поради повреда, напротив, веќе четири пати оваа сезона бил на терапии поради проблеми со мускулите.
Добрата вест за Алваро Арбелоа е што Антонио Ридигер целосно се опорави и се врати во тимот, и ќе ја формира стоперската двојка заедно со Раул Асенсио.
Откако пристигна од Борнмут за 62.500.000 евра, Хаусен одигра 27 натпревари во сите натпреварувања.
Реал Мадрид гостува кај Осасуна вечерва во 18.30, а потоа во среда од 21.00 го пречекува Бенфика.