
Њулс Олд Бојс – клубот во кој Лионел Меси ги направи првите чекори во фудбалот, работи на евентуалниот ангажман на легендата назад во тимот. Ова го потврди потпретседателот на клубот Хуан Мануел Медина. Планот е тоа да се случи по една година.
“Работиме на идејата Лео да игра за Њулс во првата половина на 2027 година. Ова е проект кој ги надминува рамките на клубот. Тоа е проект за градот Розарио, за провинцијата и за аргентинскиот фудбал во целина. Сè зависи од тоа што можеме да понудиме како инфраструктура и конкурентен спортски проект“, изјави Медина пред аргентинското издание TN, притоа нагласувајќи дека сè уште ништо не е решено или финализирано, но идејата се родила уште во 2024 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во моментот, Меси има 38 години и има договор со Интер Мајами до крајот на 2028 година.
Лео играше за базираната во Розарио аргентинска екипа од шест до тринаесет години, пред да се приклучи на прочуената академија на Барса “Ла Масија”. Напаѓачот не одигра ниту еден официјален натпревар за првиот тим на Њулс Олд Бојс, но постигна импресивни 234 гола за младинските формации, а една од трибините на нивниот стадион „Естадио Марсело Биелса“ го носи неговото име.