
Финишот на преодниот рок беше особено возбудлив за Њукасл кој буквално во фото финиш го заврши трансферот на напаѓачот Жоан Виса.
Виса пристигна од Брентфорд како дополнителна опција во нападот откако клубот, малку порано, го собори клупскиот рекорд со трансферот на Ник Волтемаде од Штутгарт за 85 милиони.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Двајцата ќе имаат задача да го надоместат заминувањето на во Ливерпул за 150 милиони евра.
Повеќе од третина од тие пари Њукасл ги оддели за Виса (58 милиони) меѓутоа тој трансфер речиси пропадна поради невнимание на самиот играч, затоа што не потпиша на еден од документите од договорот.
Драмата се појави буквално од никаде.
Како што откри “Sky Sports”, поради пропустот на Конгоанецот, еден од неговите агенти буквално мораше да трча до тренинг центарот на Њукасл, со документот во раце, за да го најде Виса и да го добие неговиот потпис на преостанатиот документ.
Без потписот на Конгоанецот, Премиер лигата нема да даде “зелено светло” за трансферот.
Конечно, потписот беше заверен во 20:59 – триесет секунди пред затворањето на трансферниот рок.
Фото: Принтскрин