Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку години боксува. Борбата се одржа пред 72.000 гледачи во САД, а на крајот победи Пол со одлука на судиите.
По неколку одложувања борбата се одржи, меѓутоа не донесе спектакл каков што се очкуваше. Пол победи по осум рунди со одлука на судиите. Во првите две рунди му нанесе значителна штета на Тајсон и до израз дојде неговата младост и издржливост.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На соочувањата пред борбата можеше да се види непријателство и омаловажување, но по борбата
Пол се поклони пред Тајсон со што се покажа дека случувањата претходно биле дел од шоуто.
Коментарите од јавноста во поголем дел се негативни поради нискиот квалитет нна борбата.
На крајот Тајсон си замина со заработка од 20 милиони долари, а Пол двојно повеќе за осум рунди по две минути.
A ringside look at #PaulTyson 👀 pic.twitter.com/WZlzvJ7gKX
— Netflix (@netflix) November 16, 2024
Jake Paul bows to Mike Tyson at the end of the match. #PaulTyson pic.twitter.com/FUQGZVyADQ
— Netflix (@netflix) November 16, 2024