
Според најновите информации од Фабрицио Романо, трансферот на Виктор Осимен во саудискиот Ал-Хилал нема да се реализира.
Иако преговорите меѓу играчот и клубот беа во напредна фаза, двете страни не успеаја да се согласат на условите, поради што разговорите беа прекинати.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Ова значи дека пропадна еден од најголемите трансфери на летото надвор од Европа, бидејќи Ал-Хилал беше подготвен да понуди значителна сума за напаѓачот на Наполи.
Осимен остави силен впечаток со својата ефикасност и посветеност. Навивачите го прифатија со отворени раце, а тој им возврати со клучни голови во борбата за титулата.
Галатасарај веќе стапил во контакт со Наполи за да испитаат можноста за траен трансфер. Преговорите би можеле да станат сериозни во наредните денови, бидејќи клубот му понуди значителен договор.
Иднината на Осимен останува неизвесна, но сѐ изгледа појасно дека тој нема да се пресели во Саудиска Арабија.
Фото: Galatasaray/X