Дома Фудбал Ништо од С. Арабија: Грилиш го напушта Манчестер, но останува во Англија!?

Ништо од С. Арабија: Грилиш го напушта Манчестер, но останува во Англија!?

Уште во 2021 година, Манчестер Сити го купи Џек Грилиш за 117,5 милиони евра и тоа тогаш беше рекорд за тимот од „Етихад“. Но, Англичанецот со време целосно изгуби форма и сега претежно влегува од клупа.

Грилиш пристигна како најголемото засилување за Сити по одличните настапи во дресот на Астон Вила и го доби бројот 10, но не се наметна како еден од најдобрите играчи и сега се сè поголеми шансите да го промени клубот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Според пишувањето на британските медиуми, Тотенхем многу е заинтересиран за услугите на Грилиш, а можниот трансфер Англичаните го нарекоа „шокантен“.

Како што тврди поранешниот играч на Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест, Стан Колимор, Грилиш ќе изненади со трансфер на крајот од сезоната, а тоа навистина може да го направи доколку потпише за противникот од северниот Лондон.

Се споменуваше дури и Саудиска Арабија, но Грилиш нема намера да замине од Островот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди ја затресе мрежата на Трабзонспор, но не се израдува (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се запиша меѓу стрелците во натпреварот против сво…