Дома Фудбал Никој не го запира: Елмас постигна одличен гол за Торино (Видео)

Никој не го запира: Елмас постигна одличен гол за Торино (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се запиша во листата на стрелците со фантастичен погодок. Тој ѝ донесе предност на неговата екипа Торино во дуелот против Парма (1-0) во рамките на италијанската Серија А.

Голот беше постигнат во 19. минута од натпреварот, кога Елмас се најде во казнениот простор опкружен од четворица противнички играчи. И покрај притисокот, тој се реши за прецизен удар, при што топката најпрво ја погоди стативата, а потоа заврши во мрежата на домаќините, носејќи му водство на Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Французите бесни поради потегот на Мбапе: Одвратно, непочит, тој е вистински диктатор! (Видео)

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе направи вистинска збрка поради неговиот контроверз…