
Во фудбалската јавност во последната недела се шири шпекулација дека Нејмар би можел летово да се врати во Барселона и дека тоа е неговата најголема желба. За тоа синоќа говореше спортскиот директор на Барселона, Деко, кој објасни каква е ситуацијата кога станува збор за Нејмар.
Нејмар кон крајот на јануари се врати во Сантос откако го раскина договорот со Ал-Хилал по заборавната авантура што ја имаше во Саудиска Арабија.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Во Ал-Хилал за 18 месеци одигра само седум натпревари, но враќањето во Сантос се покажа како одличен потег. Нејмар полека се враќа во старата форма и веќе одигра неколку одлични натпревари во дресот на бразилскиот клуб.
Пред десетина дена се појави информација дека Нејмар летово повторно ќе го промени клубот и дека најголема желба му е да се врати во Барселона, каде што играше најдобар фудбал во неговата досегашна кариера.
Барселона би можела да го донесе без компензација бидејќи му истекува договорот, но прашање е дали Нејмар навистина им е потребен на каталонците.
Сепак, Деко одлучи да „запре со шпекулации“ и јасно порача дека тоа воопшто не е приоритет на Барселона и дека многу работи треба да се совпаднат за тоа летово навистина да се случи.
„Видете, јас го сакам Нејмар, го сметам за еден од најдобрите фудбалери во последните 10-20 години, феноменален е и одличен фудбалер. Меѓутоа, некои приказни не се повторуваат на ист начин. Тој беше одличен во Барселона, освои многу трофеи и играше одлично. Секако постои теоретска можност да се врати, но сметам дека ова не е добар момент да се говори за неговото враќање во Барселона. Верувам дека и самиот Нејмар не размислува за тоа. Неговиот потенцијално враќање не е само прашање на финансии. Најважно е што Нејмар сега повторно е среќен и повторно ужива во фудбалот”, рече Деко.