![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/ddd-850x491.jpg)
Синоќа во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Денвер Нагетс на домашен терен со убедливи 146:117 го декласираа Портланд и ја постигнаа својата седма победа по ред.
Нагетси моментално имаат најдолга серија победи од сите 30 екипи во лигата и се наоѓаат на третото место на Западот со сооднос од 35 победи и 19 порази.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Најдобар играч на натпреварот беше незапирливиот Никола Јокиќ со 40 поени, а со седум скока и осум асистенции остана под својот просек оваа сезона во тие категории.
Причина за тоа е и убедливата разлика поради која тој на теренот мина само 31 минута и одмораше во последната четвртина.
На својот одличен настап додаде и три украдени топки. Јокиќ оваа сезона просечно бележи 29.6 поени, 12.7 скока и 10.3 асистенции по натпревар.