Дома Останати Кошарка Незапирливиот Јокиќ воодушеви со трипл-дабл, Денвер славеше

Незапирливиот Јокиќ воодушеви со трипл-дабл, Денвер славеше

Никола Јокиќ постигна 28 поени, додаде 10 скокови и 12 асистенции за својот 24-ти трипл-дабл оваа сезона, а Денвер Нагетс го совладаа Орландо Меџик со 112:90.

Денвер ја оствари петтата победа по ред без поголеми проблеми, а српскиот центар, еден од најголемите кандидати за Наградата за најкорисен играч (MVP), ја помина последната четвртина на клупата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Трикратниот MVP на НБА лигата натпреварот против Орландо го заврши со шут 11/16, а повторно воодушеви со некои потези на теренот.

Јокиќ без да гледа му подаде совршена топка на Гордон за забивање, а коментаторот од натпреварот го прокоментира овој потег со: „Тој има очи на грбот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер нагло „скокна“ на листата – ова се фаворитите на обложувалниците за новиот НБА шампион

Почетокот на „преодниот период“ во НБА лигата значително го промени статусот што се однесу…