
Бразилскиот фудбалер Нејмар може да го напушти Сантос по само пет месеци, клубот каде што ја започна својата кариера и во кој се врати минатата зима. Неговото доаѓање беше проследено со спектакуларен пречек и воодушевување од навивачите, но романтичната приказна брзо се претвори во вистинска катастрофа.
Сантос по 11 одиграни кола се наоѓа на 18. место на табелата, а според лошиот старт на сезоната, тимот го очекува тешка борба за опстанок. Нејмар се врати во Сантос од Ал Хилал на почетокот на годинава, но досега не направи ништо значајно. Во националното првенство нема постигнато ниту еден гол, а забележал само четири настапи. Три пати се запиша меѓу стрелците во Паулиста лигата, која сепак е послаба од бразилската Серија А.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Во последното коло заработи црвен картон. Имено, некогашната ѕвезда на Барселона и ПСЖ во една ситуација ја турна топката со рака во мрежата. Судијата тоа го забележа, му додели втор жолт картон, а Ботафого ја искористи предноста и со голот на Артур во 87-та минута дојде до победа.
„Понекогаш очајно сакам да постигнам гол, па правам грешки. Им се извинувам на навивачите и соиграчите. Да не бев исклучен, ќе освоевме три бода. Екипата играше одлично. Честитки за сите. Во Бразил има многу лоши судии, првиот жолт картон беше смешен. Тоа е само мое мислење, немојте да ме казнувате поради него“, напиша по натпреварот.
Фото: Grok AI