
Бившиот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, изрази мислење дека само еден играч од „црвените ѓаволи“ реално би можел да биде дел од тимот на Тотенхем, споредувајќи го квалитетот на играчите од двата тима што ги имаат во моментов.
Легендата на клубот не прави оценка само на почетните состави за кои менаџерите се определија за дуелот на стадионот на Тотенхем, туку ја разгледува целата листа на играчи, вклучувајќи ги и оние што се повредени.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Оваа констатација ја истакнува загриженоста за трансфер стратегијата на клубот, особено ако се има предвид дека од 2016 година Јунајтед потроши нето износ од еден милијард фунти за трансфери, наспроти 580 милиони на Тотенхем.
-Ако ги разгледаме најдобрите играчи од Тотенхем – Поро, Удоји, Ван де Вен, Ромеро, Бисума, Сар, Медисон, Кулушевски, Соланке, Сон, Џонсон, колку од Манчестер Јунајтед би се нашле во овој состав на Тотенхем, ако сите се на располагање? Мислам дека само Бруно Фернандеш би го вклучиле. Може и Амад Диало, но помеѓу Кулушевски и Амад, најверојатно би го избрал Кулушевски. Сакам да нагласам дека секој играч на Тотенхем, ако беше достапен, би бил подобар од било кој од Манчестер Јунајтед. Ова навистина не е емоционална изјава или изблик на гнев. Многу е тажно што Јунајтед се наоѓа во оваа ситуација сега, изјави Гери Невил.