Дома Фудбал Неверојатно: Лука Модриќ има „само“ 40 години, а ги руши сите рекорди

Неверојатно: Лука Модриќ има „само“ 40 години, а ги руши сите рекорди

Толку многу е кажано со суперлативи за неповторливиот Лука Модриќ, но тој секогаш наоѓа уште некој начин да ги восхити навивачите.

Зачудувачки звучи податокот дека Лука, иако има 40 години, е играчот со најмногу минути на теренот во полусезоната од сите играчи на „росонерите“. Од почетокот на сезоната во Серија А, тој бил на теренот 1325 минути.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Само на две натпревари не заврши, против Кремонезе кога беше заменет во 74-та минута, и против Удинезе, кога излезе во 81-та. Сите други натпревари ги одигра од почеток до крај.

Вкупно, Модриќ одигра 15 натпревари за “росонерите” во “калчото” откако пристигна во клубот летово, плус три во Купот и Суперкупот (на тие натпревари влезе од клупата).

Модриќ е, како што покажува и оваа сезона, сѐ уште синоним за професионализам.

Оваа сезона постигна гол, тој одлучувачкиот против Болоња во третото коло, и две асистенции, една во второто коло против Лече и една за 2:2 против Пиза.

Откако најголемата фудбалска „онлајн“ заедница и медиумски бренд “433” објави на Инстаграм податок за Модриќ како играч кој најмногу го користел тренерот на Милан во Серија А, се јавија и навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан носи засилување од Ливерпул

Милан добро ја отвори сезоната, но тренерот Алегри сака додатно да го засили тимот во зимс…