
Фудбалерите на Ливерпул постигнаа победа на домашен терен против второлигашот Саутемптон со резултат 2:1 во натпреварот од третото коло на англискиот Лига куп.
Без голови беше сè до 43. минута на „Енфилд“, кога шведскиот играч Александер Исак, кој oва лето пристигна во Ливерпул, му обезбеди водство од 1:0 на домаќините. Ова беше неговиот деби гол во новиот клуб.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Во 76. минута гостите израмнија со погодокот на Чарлс, но сепак не успеаја да направат изненадување.
Во 85. минута, исто така новото засилување на Ливерпул, Екитике, го донесе тимот во водство со 2:1, но веднаш доби исклучувачки втор жолт картон, што домаќините во остатокот од натпреварот не го почувствуваа како пресудно.
Сите голови можете да ги погледнете ОВДЕ.