Дома Фудбал Неверојатниот Мбапе го врати Реал кон победите

Неверојатниот Мбапе го врати Реал кон победите

Реал Мадрид се врати на победите и уверено триумфираше со 3:0 на гостувањето против Атлетик Билбао во натпревар од15-ти круг од Ла Лига, одигран на „Сан Мамес“.

Најистакнат на „Катедралата“ беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола со убави удари од далечина (7′, 59′), а покрај тоа, француската ѕвезда асистираше и за голот на својот сонародник Едуардо Камавинга во 43-та минута.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На овој начин, по денешниот натпревар, Мбапе веќе има 16 голови во првенството. Клучни за успехот на Реал беа и двете одлични интервенции на голманот Тибо Куртоа кога резултатот беше 0:1 за гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…