
Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладувајќи го директниот конкурент Варaждин со резултат 2:1. Сепак, за вториот победнички гол на домаќините долго ќе се зборува бидејќи вакви бизарни ситуации речиси никогаш не се среќаваат во професионалниот фудбал.
Вараждин имаше предност од 1:0 поголемиот дел од натпреварот и изгледаше дека ја контролира играта. Меѓутоа, домашниот тим за само три минути направи целосен пресврт. Најпрво, во 78. минута, Хајстер погоди за израмнување, а само две минути подоцна следеше момент за рубриката “верувале или не”.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Водени од израмнувачкиот гол, Истра продолжи со нападите. Во 80. минута Радошевиќ упати удар кон голот на гостите. Изгледаше дека топката ќе заврши како рутинска интервенција за голманот на Вараждин.
This goal was scored in the Croatian League 🇭🇷
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) March 21, 2026
You’d be absolutely fuming wouldn’t you 😭😭😭pic.twitter.com/ZX11InXxaj
Сепак, во клучниот момент, топката налета на дупка на теренот или на голема нерамнина на тревникот, неочекувано отскокна и го смени правецот, прелетувајќи над немоќниот голман и завршувајќи во мрежата.