Дома Останати Тенис Неверојатен пораз на босански тенисер: Освои сет со 6:0, имаше и меч топка и не му беше доволно

Неверојатен пораз на босански тенисер: Освои сет со 6:0, имаше и меч топка и не му беше доволно

Дамир Џумхур е познат по осцилациите во играта, како и по неверојатните промени на ритамот во текот на самиот меч. Така беше и во неговиот последен натпревар.

Најдобриот босанско-херцеговски тенисер и 90-ти играч на светот, Дамир Џумхур, беше поразен во 1/16 финале на АТП турнирот во Буенос Аирес.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Подобар од него беше шпанскиот тенисер и 41-ви играч на светот, Педро Мартинез, кој победи со 2:1. По сетови 0:6, 6:2 и 7:6(3).

Во првиот сет Шпанецот не постоеше. Дамир Џумхур го реши во своја корист за 39 минути без загубен гем.

Противникот успеа да одбрани само една брејк шанса на Сарајлијата, и Џумхур беше на чекор до неочекувана победа.

Потоа следи пад во играта на Дамир. Имаше три неискористени брејк топки на почетокот на вториот сет и тоа го деморализира.

Мартинез му го одзема сервисот, па и вториот за 5:2, по што Џумхур повторно проигра.

Сарајлијата имаше три брејк топки за било какво враќање во сетот и мечот, но Мартинез стигна до сет топка и ја искористи за 1:1.

Две брејк топки спаси Џумхур на почетокот на одлучувачкиот сет, но во третиот гем сепак губи сервис.

Веднаш потоа го врати, го потврди и со освоен гем на свој сервис и повторно прави брејк за водство од 4:2.

Не се задржа долго на тоа бидејќи Мартинез веднаш го врати брејкот, па потоа му одзеде сервис на Џумхур, кој со нов брејк се враќа во мечот.

Џумхур имаше дури и меч топка во 12-тиот гем каде што Мартинез успеа да се спаси и да го однесе мечот во тај-брејк.

Таму подобро се снајде и со вкупно 7:3 стигна до победа во сетот и мечот за пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ до финалето во Мадрид треба да помине преку Дрејпер и Алкараз

Заврши ждрепката за мастерсот во Мадрид, четвртиот турнир во сезоната од АТП серијата 1.00…