Дома Фудбал Нереди на Косово: Хулигани влегоа на теренот и се степаа со играчите (ВИДЕО)

Нереди на Косово: Хулигани влегоа на теренот и се степаа со играчите (ВИДЕО)

Фудбалскиот натпревар од Втората лига на Фудбалскиот сојуз на Косово Лирија – Велазними заврши… неславно.

На Фејсбук страницата на емисијата Dueli Sportiv се појави видео од немирите во Призрен, каде што голем број навивачи на домашниот клуб влегоа на теренот и се обидоа да се тепаат со играчите на гостинскиот клуб.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во еден момент избувна физичка пресметка помеѓу хулиганите и играчите.

„Денес на фудбалскиот натпревар во Призрен, на кој имаше околу 2,500 фудбалски навивачи, избувна судир помеѓу гледачите. Полицијата брзо интервенираше и ситуацијата беше ставена под контрола. Две лица се здобија со телесни повреди. Полицијата отвори кривична постапка за кривично дело ‘телесна повреда’. Во врска со овој настан полицијата работи на идентификација на лицата кои учествувале во судирот,“ пренесува локалната полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…