Дома Фудбал Непопуларни мерки во Белград: Партизан ги ограничи платите на фудбалерите!

Непопуларни мерки во Белград: Партизан ги ограничи платите на фудбалерите!

Работната група која привремено го води фудбалскиот клуб Партизан одлучи да ги ограничи паричните примања на играчите, па според пишувањата на српски „Курир“, првотимците на белградските „црно-бели“ ќе можат максимум да заработат 25.000 евра на месечно ниво.

Ова е уште една од мерките што вицешампионот на Србија ги презема со цел стабилизирање на паднатиот клуб и полесно излегување од финансиската криза која со години наназад го мачи српскиот гигант.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Како што се наведува, фудбалерите кои ќе решат да ја продолжат кариерата во Белград ќе можат да сметаат на плата во опсег од 15.000 до 25.000 евра, што имплицира дека во скоро време нема да има звучни засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума го крена трофејот во ЛШ, а потоа со изјава го понижи Интер

Џанлуиџи Донарума синоќа во финалето на Лигата на шампиони го заштити својот гол, а потоа …