Фудбалерите на Баерн Минхен доживеаја пораз за кој ќе се зборува долго.
Баерн загуби со 3-0 на гостувањето кај Феенорд, но не е самиот резултат кој го прави овој пораз неверојатен, иако баварците ретко губат со толкава разлика.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Клучниот детал е доминацијата што ја имаше Баерн во текот на целиот натпревар и огромниот број создадени шанси.
Статистиката открива дека Баерн упатил дури 30 удари кон голот на холандскиот тим, наспроти осум за Феенорд.
Едноставно е неверојатно тоа што го пропуштија фудбалерите на Баерн, а Феенорд практично три пати мина низ центарот и постигна три гола.
Баерн имаше дури 67 проценти посед на топка.
Баерн заврши со неверојатни 683 додавања, додека Феенорд само 130!
Голманот на Феенорд, Џастин Бијлов забележа седум одбрани, додека Мануел Нојер немаше ниту една.
Во секој случај, и двете екипи обезбедија пласман во плеј-офот, а и двете се уште имаат шанса директно да се пласираат во осминафиналето, иако мора да се поклопат многу резултати.
Во секој случај, Баварците долго ќе го паметат овој пораз.