Дома Останати Тенис Неочекувана вест: Кирјос ја прекина врската со Костин Хачи? (Фото)

Неочекувана вест: Кирјос ја прекина врската со Костин Хачи? (Фото)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос и неговата долгогодишна партнерка Костин Хачи наводно ставиле крај на нивната врска, а сето тоа дополнително се вжешти со серија мистериозни објави кои Хачи ги сподели на социјалните мрежи.

Шпекулациите за раскинувањето почнаа да кружат викендот кога Хачи се врати од Соединетите Американски Држави без Кирјос, а потоа од својот Инстаграм профил ги отстрани речиси сите заеднички фотографии и референци за тенисерот. Двајцата од своите биографии ги избришаа иницијалите еден од друг, што порано беше нивниот заштитен знак.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Да се потсетиме, нивната врска започна крајот на 2021 година, кога Кирјос за првпат ја контактираше Хачи откако таа продавала огледало на Инстаграм. Само неколку месеци подоцна, во јануари 2022, парот и официјално ја потврди романсата, а Хачи бргу потоа се усели кај Кирјос во Сиднеј.

За време на врската, таа му беше постојана поддршка, следејќи го на турнирите и во периодите на опоравување од повреди.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Матс Виландер: Алкараз ќе има кариера како Андре Агаси

Карлос Алкараз пред три години стана најмлад прв носител во историјата, но веќе извесно вр…