
Новак Ѓоковиќ ги дозна своите потенцијални противници на Индијан Велс.
Популарниот Мастерс во Индијан Велс ќе се игра во Калифорнија, Соединетите Американски Држави, од 4 до 15 март.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
На турнирот ќе настапат и други значајни имиња како Карлос Алкараз, Јаник Синер, Коко Гоф и Арина Сабаленка…
Ѓоковиќ ќе се натпреварува во истата половина од ждрепката со Карлос Алкараз, а притоа ќе го прескокне првото коло. Во второто коло ќе игра против победникот од дуелот меѓу Џовани Мпеси-Перикар и Камил Мајчак.
Во понатамошните натпревари можно е да се сретне со играчи како Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц.
Јаник Синер ќе се бори против Дукворт или квалификант, додека Александер Зверев го очекува победникот од мечот Беретини-Манарино во второто коло. Во првото коло ќе гледаме интересен судир меѓу Циципас и Шаповалов.
Кај дамите, Арина Сабаленка е слободна во првото коло и ќе игра против Алиша Паркс или квалификантката.
Коко Гоф ќе се сретне со Бианка Андреску или квалификантката, додека Ига Швјонтек ќе игра против подобрата од дуелот на Франческа Џонс против квалификантка