Дома Фудбал Нема повеќе дилема за иднината на Дијаз во Реал Мадрид

Нема повеќе дилема за иднината на Дијаз во Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, е подготвен да стави потпис на нов долгогодишен договор со „кралскиот клуб“, откако двете страни постигнале целосен договор околу сите детали. Како што пренесуваат шпанските медиуми, новиот договор треба официјално да биде објавен по завршувањето на одредени административни процедури следната недела.

Мароканскиот репрезентативец, кој минатата сезона одигра важна улога во тимот на Карло Анчелоти, не размислувал за заминување од „Сантијаго Бернабеу“, и покрај интересот од неколку европски клубови. Дијаз изразил јасна желба да остане дел од проектот на Реал Мадрид и да продолжи да се бори за своето место во тимот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Овој потег доаѓа како награда за неговите одлични настапи и посветеност, а клубот ја гледа иднината на Брахим како значаен дел од генерацијата што ќе ја носи екипата во наредните сезони.

Со потпишувањето на новиот договор, Реал Мадрид испраќа силна порака за довербата во своите ѕвезди и континуитетот во тимот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…