Дома Фудбал Останато Нема намера да запре: Роналдо потпишува нов двегодишен договор

Нема намера да запре: Роналдо потпишува нов двегодишен договор

Кристијано Роналдо, 40-годишниот напаѓач, ќе го продолжи договорот со Ал Наср за уште две години, пренесува „Спортиталија“.

Португалскиот фудбалер му се приклучи на саудискиот клуб во зимата 2023 година, по неуспешната епизода во Манчестер Јунајтед.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Легендарниот напаѓач досега има одиграно 98 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, при што постигнал 88 голови и забележал 19 асистенции.

Во тековната сезона, Роналдо настапил на 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 30 голови и забележувајќи четири асистенции.

Неговиот актуелен договор важи до летото 2025 година, а претходно се шпекулираше дека за новиот двегодишен договор ќе заработи дури 200 милиони евра.

Фото: Al Nassr/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се е познато: Ова се осминафиналните парови за Светското клупско првенство

Со одигрување на натпреварите од третото коло заврши групната фаза од Светското клупско пр…