Немања Матиќ би можел да се врати во Италија, бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Наполи и Фиорентина.
И покрај тоа што наполни 37 години во август, Матиќ игра прилично стандардно за Лион и има важна улога во тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Добрите настапи во Франција го препорачаа Матиќ на италијанскиот пазар, каде за неговите услуги интерес покажуваат Наполи и Фиорентина.
Матиќ има договор со Лион до крајот на јуни 2026 година и секако би ја завршил сезоната во Франција, но на лето има реални шанси да се врати во Италија бидејќи би влегол во последните 12 месеци од договорот.
Тоа са Србинот би било враќање во Серија А каде во сезоната 2022/23 настапуваше за Рома со која стигна до финалето на Лига Европа.