
NЕЈМАР (33) би можел да се врати на Европската фудбалска сцена. Според неколку извори, Олимпик Марсеј сериозно се интересира за негово ангажирање. Бразилскиот напаѓач кој во моментов е дел од Сантос, разгледува можност за враќање во Европа со цел да се подготви подобро за наредното Светско првенство и да фати натпреварувачки ритам. Францускиот клуб веќе отпочнал преговори со цел да го реализира трансферот.
Реализацијата на овој трансфер нема да биде едноставна, но францускиот клуб смета дека желбата на Нејмар за враќање во познатата лига би можела да биде клучна. Бразилецот го гледа позитивно приклучувањето кон амбициозниот проект каде што би можел да игра важна улога. Раководството на Марсеј е подготвено да вложи финансиски и спортски напори за да го убеди јуноамериканскиот ас и што побрзо да го формализира неговото доаѓање, се наведува во текстовите за можниот трансфер.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Нејмар во Франција играше од 2017 до 2023 година по трансферот во износ од 222 милиони евра од Барселона во Пари Сен-Жермен. Пет пати ја освои Лига 1 со тимот и играше во финалето на Лигата на шампионите. Вкупно, за ПСЖ постигна 118 гола и запиша 79 асистенции во 173 одиграни натпревари.
Марсеј е најголемиот ривал на ПСЖ во францускиот фудбал. Ова се двата најтрофејни француски клуба и единствените со титули во најголемите европски натпреварувања. Нивниот дерби натпревар во Лига 1 е познат како Ле Класик.
Нејмар има договор со Сантос до крајот на годината.