Дома Фудбал Нејмар најде човек кој ќе му ја спасува кариерат – доктор „чудо“

Нејмар најде човек кој ќе му ја спасува кариерат – доктор „чудо“

Со надеж дека ќе го оствари сонот да игра на Светското првенство 2026, Нејмар (33) го барал спасот од „Доктор чудо”. Бразилскиот напаѓач се бори со сериозна повреда на коленото откако се врати во својот матичен клуб Сантос во јануари. Неговата состојба дополнително се влошила поради упорноста да игра по секоја цена, за да помогне клубот да опстане во првата лига, според британскиот The Sun.

Во октомври 2023, Нејмар играјќи за репрезентацијата на Бразил, ја скинал предната вкрстена врска. Сега му предстои нова голема операција, откако не ги послушал медицинските препораки во време кога на Сантос му се заканувало испаѓање од лигата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


И покрај повредата, Нејмар продолжи да игра и во последните четири натпревари постигна пет голови и една асистенција, практично сам обезбедувајќи го останувањето на клубот во елитата. Оваа брилијантност го вратило во центарот на вниманието и поттикнало дискусии дека селекторот Карло Анчелоти би можел да го вклучи на списокот за Светското првенство следното лето, што би можело да биде негов последен голем меѓународен турнир.

За да го оствари својот сон, Нејмар се обратил на доктор познат по неконвенционални методи и успешни резултати со фудбалерите. Бразилскиот физиотерапевт д-р Едуардо Сантос, познат како мајстор на спортската наука, работел во клубови како Шангај СИПГ, Зенит Санкт Петербург и Витес, пишува The Sun.

Во моментот тој престојува во Англија, каде што му помага на напаѓачот на Фулам, Родриго Муниз, во процесот на закрепнување. Меѓу неговите познати клиенти се и ѕвезди како Матеус Куња, Вандерсон, Филипе Кутињо, Оскар и Хулк.

Нејмар се надева дека Сантос ќе го оправда имиџот на „Доктор чудо”, како што направи и во случајот со поранешниот дефанзивец на Челзи и Арсенал, Давид Луиз. Во 2015 година, кога Луиз играше за ПСЖ, поради повреда на коленото очекувано бил надвор од строј десет недели, но благодарение на Сантос се вратил на терените за само десет дена, тврди The Sun.

Нејмар се надева на брзо закрепнување, кое би му овозможило да биде подготвен за новата домашна сезона која започнува во крајот на јануари. Селекторот Анчелоти инсистира дека нема да прави исклучоци при изборот на тимот за Светското првенство.

Италијанскиот експерт изјавил: “Има многу играчи кои се навистина добри, морам да изберам оние што се во најдобра форма. Не е само за Нејмар, тоа би можело да важи и за Винисиус. Ако Винициус е на 90 проценти, ќе повикам друг играч кој е на 100 проценти, бидејќи оваа селекција има исклучително високо ниво на квалитет, особено во нападот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судеше финале во Лигата на шампионите во 2024 година, па целосно исчесна – сега откри кој стои зад целата приказна!

Нејц Кајтазовиќ долги години беше дел од тимот на познатиот словенечки судија Славко Винчи…