Дома Фудбал Нејмар го послуша срцето – ќе се врати ли во Европа!?

Нејмар го послуша срцето – ќе се врати ли во Европа!?

Бразилскиот фудбалер Нејмар ја донесе одлуката за својата иднина и продолжување на кариерата.

По многу шпекулации, јасно е дека од враќање во Европа нема да има ништо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ја донесов одлуката и го послушав срцето. Сантос не е само мојот клуб, тој е мојот дом, моите корени, мојата приказна и мојот живот. Тука бев момче кое стана маж. И тука сум искрено сакан. Тука можам да бидам свој, вистински среќен. Овде сакам да ги остварам преостанатите соништа на мојата кариера и ништо нема да ме запре”, објави Нејмар.

Нејмар зимава се врати во Сантос и планот беше да ја подигне формата и летово да се врати во Европа, на елитното светско ниво.

Најскапиот фудбалер во историјата постигна само по три гола и асистенции на 14 натпревари, а Сантос се бори за опстанок.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…