Дома Фудбал Неизвесност во Ливерпул: Што се случува со договорите на најважните фудбалери?

Неизвесност во Ливерпул: Што се случува со договорите на најважните фудбалери?

Остануваат уште три месеци до крајот на сезоната во европскиот фудбал, а Ливерпул сè уште не го решил прашањето за иднината на трите многу важни играчи.

Сега веќе и птиците на гранките знаат за кого станува збор: Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд. Играчите од златната генерација на Ливерпул, под водство на Јирген Клоп, кои претходно ги вратија насмевките на “Енфилд”, а сега по периодот на сомнеж, го прават истото и со Арне Слот на клупа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сите тројца летово можат да го напуштат Мерсисайд без обештетување, иако е извесно дека тоа нема да биде случајот. Надежниот инсајдер Дејвид Орнштајн зборуваше на оваа тема, истакнувајќи дека владее оптимизам во клубот за останувањето на Салах и Ван Дајк, додека Трент е најблиску до заминување во Реал Мадрид.

Првите двајца се многу заинтересирани за останување и постојат преговори. Без никакво сомнение, Ливерпул сака да останат двајцата, но ќе мора тоа да го покажат и на финансиското поле. Ништо сè уште не е официјално определено. Ни нивните заминувања, ниту останувања. Истото важи и за Трент Александер-Арнолд.

Сакаат да бидат внимателни, преговорите да не влијаат на тековните резултати на екипата кои се феноменални и стрпливо пристапуваат на случаите. Сепак, часовникот отчукува…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса постигна гол додека противнички играч лежеше неподвижен

Фудбалерите на Барселона триумфираа против Мајорка, во натпревар за кој ќе се зборува пора…