Дома Фудбал „Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“: Навивачите на Ливерпул никогаш нема да го заборават Жота

„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“: Навивачите на Ливерпул никогаш нема да го заборават Жота

Рано утрово фудбалската јавност беше погодена од трагичната вест за загинувањето на португалскиот напаѓач, Диого Жота, обожаван од секој навивач на клубовите за кои играл.

Тешко е да се добие песна од славниот „The Kop“ на „Енфилд”. Тоа успеа да го постигне Жота.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“, се само некои од зборовите со кои секогаш го поздравуваа кога би направил нешто извонредно за „црвените“. Такви моменти имаше многу во петте години колку што го носеше дресот на Ливерпул.

Ќе биде запаметен. Тоа е сигурно. Песната посветена на него живее и ќе продолжи да живее на „Енфилд“.

Фото: Ливерпул ФК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски: Натпреварите против Белгија и Казахстан се едни од најважните во историјата на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекуваат два клучни предизви…