Дома Фудбал Не се за секого парите најважни: Левандовски добил понуда од 100 милиони евра годишно!

Не се за секого парите најважни: Левандовски добил понуда од 100 милиони евра годишно!

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, одбил понуда вредна 100 милиони долари годишно, потврди неговиот агент Пини Захави денеска.

Уште од минатото лето, полскиот играч е под притисок од клубови од Саудиска Арабија, но сепак остана одлучен во својата намера да не ги прифати тие понуди. Левандовски не размислуваше за заминување додека има валиден договор со Барселона.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


“Имавме понуда од Саудиска Арабија минатото лето, со која Левандовски би добивал 100 милиони долари годишно, и тој ја одби. Сакаше да остане во Барселона, бидејќи имаше чувство дека ќе се бори за сите трофеи, и дека Ла Лига и Лигата на шампионите се на неговиот дофат. И не погреши, бидејќи Барселона речиси ги освои сите”, изјави Пини Захави.

Постои и аспект на амбицијата на Роберт Левандовски и квалитетот на животот, што се одразуваат на ваквата одлука.

“Тоа е човек што си ја проценува секоја ситуација, дури и каде живее. Левандовски е импресиониран од животот во Барселона и ужива на теренот и надвор од него. Клубовите од Саудиска Арабија инвестираат многу, привлекуваат играчи, но имаат ограничен број на користење. Ни се јавија повеќе пати, но Левандовски беше доследен во одбивањето на ваквите понуди”, изјави Пини Захави.

Не е невозможно Полјакот по истекот на тековниот договор, следното лето, да избере пат кон Саудиска Арабија, но јасно е дека тоа нема да му биде прва опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатни бројки: Шешко уште веднаш виде како е да се биде фудбалер на Манчестер Јунајтед

Словенечкиот напаѓач Бенјамин Шељко (22) преку сопственото искуство дозна колку популарнос…