Дома Фудбал „Не разбирам како работите меѓу Реал и Алонсо брзо се распаднаа“

„Не разбирам како работите меѓу Реал и Алонсо брзо се распаднаа“

Поранешниот тренер на Виљареал, Хавиер Калјеја, зборуваше за „As“ пред натпреварот на овој клуб со Реал Мадрид.

Пред два месеца во Саудиска Ал Ријад беше сменет на сличен начин како и Чаби Алонсо, по само два месеца работа. Нему не му е јасно зошто тоа се случило.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Чаби Алонсо и јас бевме во слична ситуација. Имавме премалку време за работа, иако ситуацијата не беше толку лоша, двајцата моравме да си одиме. Понекогаш трпението ја освојува судбината, мора да се посветите целосно на проектот. Не разбирам како работите толку брзо се распаднаа. Она што му се случи на Чаби во Реал, нити разбирам, ниту се согласувам со тоа. Тренерот не може да биде единствениот одговорен за сѐ, било тоа добро или лошо“, рече Калјеја.

„Со него, Реал Мадрид ќе добиеше идентитет и препознатлив стил на игра. Но, за такви работи е потребно трпение, тимска работа и останатите неопходни средства. Сега е ред на Арбеола, ќе видиме колку е способен“.

Калјеја смета дека знае што е причината за проблемите.

„Од страна, забележувам само она очигледното: Отсуството на Тони Крос и Лука Модриќ не е адекватно надоместено. Балансот што го донесуваа повеќе не постои“, смета Калјеја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн подготвува тежок удар на англискиот гигант: Метата е еден од најголемите таленти во светот

Баерн Минхен сериозно ја разгледува можноста ова лето да се активности за потписот на млад…