Дома Фудбал Не му оди така лесно: Тухел во четвртиот натпревар со Англија испиша негативна историја

Не му оди така лесно: Тухел во четвртиот натпревар со Англија испиша негативна историја

Германскиот фудбалски тренер, Томас Тухел, веќе во својот четврт натпревар како селектор ја запиша англиската репрезентација со црни букви во историјата.

Тухел стана првиот селектор на Англија кој изгубил натпревар против една африканска репрезентација.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


За негова среќа, како и за сите обожаватели на Англија, ова беше пријателска средба против Сенегал, во Нотингем, која Гордите Албионци ја загубија со резултат од 3:1.

Хари Кејн ги поведе Англичаните во водство, но потоа Исмаил Сар, Хабиб Диара и Шеик Сабали му донесоа победа на Сенегал.

Англија до вчера имаше одиграно вкупно 21 натпревар против африкански тимови без да биде поразена (15 победи и 6 нерешени). Таа серија ја прекина Тухел, кој е 22-от селектор на Англија во историјата.

Англиските обожаватели веќе мислат дека ангажманот на Тухел е голема грешка на сојузот, особено по неодамнешниот квалификациски натпревар, кога Англија успеа да победи против Андора со „тенка“ победа од 1:0.

Фото: England FA/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митровски се пресели во Словенија: Олимпија ќе плати еден милион евра

Словенечкиот фудбалски прволигаш Олимпија Љубљана летово направи историски чекор на трансф…