Дома Останати Тенис Не можеше повеќе да трпи: Украинска тенисерка во солзи го напушти мечот против Русинката (Видео)

Не можеше повеќе да трпи: Украинска тенисерка во солзи го напушти мечот против Русинката (Видео)

Украинската тенисерка Марта Костјук го заврши својот настап на турнирот во Монтреал на најтажниот можен начин откако во солзи го напушти мечот против Русинката Елина Рибакина која инаку се натпреварува под знамето на Казахстан.

Костјук е шокирана неколку недели пред US Open, случи и се нешто што најмалку го посакуваше и сега е во огромен проблем.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Играше многу добро на турнирот во Монтреал, но својот настап го заврши на тажен и за неа многу болен начин.

Рибакина го доби првиот сет со убедливи 6:1 со три направени брејка, веќе тогаш се забележа дека Украинката има одредени проблеми.

Се обидуваше на разни начини да ја намали болката, дури го менуваше начинот на сервисирање за да добие на време, едноставно не сакаше да се откаже.

Меѓутоа, болката во зглобот во еден момент стана неподнослива. Го предаде натпреварот при резултат од 2:1 во гемови за Рибакина во вториот сет.

Нeутешната Костјук го напушти теренот во солзи, доби аплаузи на поддршка од публиката и сега пред неа е период на неизвесност.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ја стави главата во кофа со мраз по финалето во Индијан Велс (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа по неверојатна борба во три сета и заврше…