Дома Фудбал Не е само Гризман: Падна уште еден важен потпис во Атлетико!

Не е само Гризман: Падна уште еден важен потпис во Атлетико!

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, го продолжи својот договор до 30 јуни 2026 година, објави шпанскиот клуб.

Во објавата на клупскиот веб-сајт се наведува дека договорот на Коке вклучува клаузула за годишно обновување на крајот од секоја сезона, која е договорена од двете страни да се активира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Коке дебитираше за Атлетико на 19 септември 2009 година и од тогаш стана играчот со најмногу настапи во историјата на клубот – 681 натпревар.

Тој е вториот најтрофеен играч во историјата на Атлетико со осум освоени титули – две трофеи во Ла Лига (2014, 2021), Купот на кралот (2013), три титули во Лига Европа (2010, 2012, 2018), Суперкупот на Шпанија (2014) и три трофеи од Суперкупот на Европа (2010, 2012, 2018).

Аделардо има два трофеи повеќе од него.

Фото: Atletico Madrid/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно е што прави Ендрик, во Мадрид може само да плачат!

Ендрик оваа зима пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид и веќе на почетокот на нова…