Дома Останати Кошарка Не е само Дубаи, туку и Абу Даби: Нов моќен клуб тропа на вратите на АБА лигата

Не е само Дубаи, туку и Абу Даби: Нов моќен клуб тропа на вратите на АБА лигата

Од оваа сезона во АБА лигата за првпат учествува Дубаи, а според сите информации, тоа е само почеток. Веќе следната година на Јадранот можеме да имаме уште еден новоформиран клуб од Емиратите, а како што пренесува „Меридијан Спорт“, интерес за вакво нешто имаат и луѓето од Абу Даби.

Градот во кој оваа сезона ќе се игра фајнал-форот на Евролигата има големи амбиции и планира да формира сериозен тим, исто како и Дубаи, па за почеток најверојатно би тргнале од АБА 2 лигата, секако, сѐ уште се чека согласност од сите учесници од регионот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дубаи му покажа патот на Абу Даби, станува збор за многу сериозен проект воден од Дејан Камењашевиќ кој веднаш го презеде за тренер Јурица Големац, а исто така ангажираше кошаркари кои на овие простори веќе постигнале одредени резултати. Оваа сезона на теренот на Дубаи ги видовме Данило Анѓушиќ, Клемен Препелиќ, Немања Дангубиќ, Дејвис Бертанс и други, што е само почеток на нивните амбиции на европскиот пазар каде се надеваат на покана за Евролигата.

Од друга страна, Абу Даби има величествена арена во која летово играа и натпревари на НБА тимови – ги гледавме Денвер и Бостон на паркетот – додека идејата е во овој град да се создаде клуб кој ќе ја покачи европската кошарка на ново ниво.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Македонецот“ Шортс избран за МВП во плејин-фазата на Евролигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс официјално е прогласен за најкорисен…