Бразилската фудбалска суперѕвезда, Нејмар, сега веќе е извесно дека би можел да го напушти Ал Хилал.
Веќе се споменуваат нови дестинации, а се зборуваше дека би можел повторно да заигра со дуото Меси и Суарез.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Едно време, еден од најдобрите светски фудбалери, играше во Барселона покрај Аргентинецот и Уругваецот, кои ја предводеа Барселона до тројната круна. После тоа, бразилскиот ас се пресели во редовите на Пари Сен Жермен, за рекордни 222 милиони евра, што и понатаму е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
„Очигледно, повторното играње со Меси и Суарез би било неверојатно. Тие се мои пријатели, сè уште често сме во контакт“, изјави Нејмар за Си-Ен-Ен.
„Би било интересно да се оживее тоа трио. Среќен сум во Ал-Хилал, среќен сум во Саудиска Арабија, но кој знае. Фудбалот е полн со изненадувања“, изјави офанзивецот.
Нејмар има само седум настапи откако се пресели во Саудиска Арабија, а Ал Хилал плати 90 милиони евра за неговите услуги. Повредите го спречија 32-годишниот да остави поголем белег.
Во дресот на ПСЖ за шест сезони постигна 118 гола. Целта за доведување на Бразилецот беше Лигата на шампионите, но тој не успеа во тоа и пристигна во Саудиска Арабија.
„Кога се појави веста дека заминувам од Пари Сен Жермен, преодниот рок беше затворен во САД, па јас ја немав таа опција. Проектот што ми беше понуден беше многу добар, не само за мене, туку и за моето семејство, па одењето во Саудиска Арабија беше најдобра опција“, изјави бразилскиот фудбалер.