Неодамна, Нејмар во големо интервју разговараше со Ромарио за неговата кариера, вклучувајќи го и времето во Пари Сен Жермен.
Во него тој формираше напаѓачко трио со Лионел Меси и Килијан Мбапе. И додека имаше само убави зборови за Меси, со кој играше и во Барселона, го критикуваше Мбапе. Францускиот напаѓач, сега ѕвезда на Реал Мадрид, одговори на неговиот повик.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Не е тајна дека Нејмар не се согласуваше со шест години помладата суперѕвезда, која беше доведена да стане она што беше Бразилецот – заштитен знак на ПСЖ. “Имав спорови со него. Тој беше момче, го нареков Златното момче. Му реков дека ќе биде еден од најдобрите, секогаш се трудев да му помогнам и да разговарам со него”, изјави Нејмар.
Тој, Меси и Мбапе не успеаја да му донесат на ПСЖ Лигата на шампионите во две сезони заедно (2021-2023), а беше очигледно дека имаше премногу конфликт на теренот и во соблекувалната. Ромарио го праша Нејмар која е причината.
„Его. Его. Добро е да имаш его и да мислиш дека си најдобар, но тогаш треба да разбереш дека не играш сам. Фудбалот сега е таков што е невозможно да се победи ако сите не се вклучат. Кога дојде Лео, Мбапе стана љубоморен на него и така почнуваат расправиите и промените во однесувањето“, одговори Нејмар.
Тие зборови допреа до Мбапе. Запрашан да ги коментира, тој рече:
“Немам што да кажам. Фокусиран сум на она што го правам во Реал. Имам голема почит кон Нејмар и сакам да се сеќавам на убавите моменти кои ги делевме. Тој е уникатен играч во историјата на фудбалот. На него и неговото семјество му посакувам среќа“.