
НБА-лигата донесе казни за кошаркарите на Феникс и Њу Орлеанс, Марк Вилијамс и Хозе Алварадо, поради тепачка среде натпревар на нивните екипи.
Инцидентот се случи кон крајот на третата четвртина кога малиот играч на Њу Орлеанс, Алварадо, направи прекршок врз центарот на Феникс, Вилијамс.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вилијамс го оттурна, што го разгневи Алварадо кој со удар во лицето го нападна 33 сантиметри повисокиот играч.
И двајцата веднаш беа исклучени од тој натпревар, а раководството на NBA Лигата ги објави санкциите за нив.
Алварадо, кој прв замавна и го удри противникот, доби казна од два натпревари, додека Вилијамс доби еден.